Уапсен пијаниот бомбаш. На 192 се заканил со гранатирање на Владата на Република Македонија

Попладнево во 17,40 часот на телефонскиот број 192 од мобилен телефон се јавил маж и без да се претстави рекол дека „за 16 минути две ракети ќе бидат испалени кон зградата на Владата на Република Македонија за да ја уништат“, дознава „Фокус“ од извори во МВР во врска со попладневниот инцидент што предизвика и Амбасадата на САД да испрати предупредување до своите вработени да не се движат по Илинденска и во реонот околу Владата.

Нашите извори велат дека е пронајден мажот кој се јавил на 192 и веднаш бил однесен во полициска станица, каде објаснил дека неговото јавување било мотивирано затоа што, како што рекол, „сакал да привлече внимание затоа што не бил задоволен од функционирањето на системот во државата“.

Во текот на денешниот ден, тој бил приведен во полициска станица за друго дело, за кое, според негово тврдење не бил виновен.

Во МВР за „Фокус“ велат дека се преземаат соодветни дејствија за расчистување на случајот, а известен е и јавен обвинител.

Leave a Reply

Your email address will not be published.