Традицијата продолжува: Ден на дијаспора, 13 Август, Еленец, село Цера

На манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец”, во село Цера, на 13. Август 2022 година, со почеток од 11 часот, ќе се одржи традиционалната манифестација Ден на дијаспора.

Манифестацијата е организирана во насока на продлабочување на соработката со иселениците од Македонска Каменица и регионот кои живеат надвор од Република Македонија.

Манифестацијата е во организација на КИЦ Романса Македонска Каменица, а истиот е поддржан од општина Македонска Каменица и Здружението на граѓани при манастирско туристичкиот комплекс Еленец, село Цера.

Во рамки на манифестацијата, свое учество ќе има популарниотизведувач на фолк нумери, Дарко Билбиловски и локалниот музички состав Актив Бенд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *