Трагедија во Кочани: Еден загинат работник, четворица тешко повредени

 

Денес некаде помеѓу 16:30 и 17:00 часот во Кочани се случи несреќа во која едно лице го загубило животот а 4 се повредени од кои тројца се во тешка состојба.

Трагедијата се случила при истовар на мермер од камион кога мермерот паднал врз петмината.

Сите петмина се пренесени во Општа Болница каде најтешко повредениот подлегнал на повредите, тројца поради сериозноста на повредите се транспортирани на Клиниките во Скопје а едно лице е задржано во Општа Болница – Кочани.

Увид во несреќата извршил Јавен Обвинител, Инспектор за заштита и безбедност при работа и  полициски службеници од Полициска Станица Кочани.

Допрва ќе се испитуваа причините за оваа трагедија која вечерва ги потресе жителите на Кочани.

Текстот во целост, можете да го прочитате на  komarec.com.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *