Тим на седношколци од Македонска Каменица учествуваа на Националното дебатно првенство 2023

Изминатиот викенд во скопската гимназија „Орце Николов“ се одржа Националното дебатно првенство 2023. Тим на средношколци од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица под ментроство на Здружението „Надеж – Норе“, за првпат земаа учество на годинешното Националното дебатно првенство.
На Националното првенство учествуваа вкупно 230 млади од целата држава, каде со аргументи и ставови ја бранеа главната теза на турнирот, „Овој Дом би им забранил на сите земји кои кршат човекови права да учествуваат на сите големи меѓународни забавни настани“.
– Од здружението „Наеж – Норе“ устакнаа, дека ова е нивно прво учество на Националното дебатно првенство и дека се задоволни од постигнатиот успех и начинот на кој настапија дебатерите од нашиот средношколски тим. Вложивме огромен труд во изминатите три месеци преку работата и активностите во неделните дебатни форуми организирани во соработка со Средното општинско училиште Миле Јаневски Џингар, – додадоа од „Надеж – Норе“
Натпреварите се одржаа во скопската гимназија „Орце Николов“, каде од вкупно 50 тима, победата ја издвои тимот составен од Борјан Стојковски, Леона Ширкова и Ивона Јуркова. Второто место го освои тимот составен од Јована Јаневска и Ана Антовска. За најдобри говорници на турнирот, меѓу кои Максим Јосевски беше избран за најдобар говорник на турнирот, второто место падна во рацете на Богдан Бањуков, а третото место и припадна на Софија Антова.
На Националното дебатно првенство учествуваа вкупно 11 средношколци од Македонска Каменица, од кои 9 натпреварувачи и двајца судии на натпреварите во дебатирање. Упатуваме благодарност до нашите учесници за максималната вложеност во натпреварите на Националното првеснтво, како и вложеноста во целиот процес на подготовка. Исто така, сакаме да упатиме благодарност и до Младинскиот образовен форум за одличната огранизација на турнирот и за условите кои ги имаа обезбедено за учесниците на истиот и при нивниот дводневен престој во Скопје, – истакнуваат од „Надеж – Норе“
Од Младинскиот образовен центар, во официјалната објава од фејсбук профилот, упатуваат честитки до победениците на турнирот, најдобрите говорници и секако до сите дебатерски тимови кои земаа учество на годинешново Национално дебатерсо првенство. Со благодарност до партнерите UNHCR-Skopje за довербата, поддршката и што одново ја препознаа важноста на дебатата и критичкото размислување.
Дебатниот форум во Македонска Каменица е во организација од Здружението „Надеж – Норе“ во соработка со СОУ „Миле Јаневски Џингар“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.