Тешко повреден 21-годишен возач од Делчево кој излетал од патот кон Берово

Дваесет и едногодишно момче е тешко повредено откако со своето возило излетал од патот Делчево-Берово.

„На 15.04.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на регионалниот пат Делчево – Берово, на место викано „Даштица“, атар на село Тработивиште-делчевско, патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.У.(21) од Делчево, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничка болница Штип“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *