Тешко повреден малолетник во сообраќајка која се случила вчера во Виница

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера во Виница помеѓу мопед и автомобил  „тојота“.

„На 21.03.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Браќа Миладинови” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со винички регистарски ознаки, управувано од А.Б.(24) од Виница и мопед со винички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Штип“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *