ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ВЕЛЕС – ШТИП

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 20 часот на патот Велес – Штип, кај велешко Ново село.

Во судар на автобус и комби, едно лице загина, а најмалку десетмина се повредени. Од СВР Велес велат дека судирот е помеѓу товарно комби со скопски регистарски таблички и автобус со регистрација од Кратово.

Сите возила на велешката брза помош цела вечер пренесуваат повредени до велешката болница. Дел од повредените патници раскажуваат дека во автобусот имало десетина луѓе. Се се случило одненадеж и никој не се сеќава како автобусот се судрил со комбито.

Засега, не се знае бројот на повредените и дали некој од нив е во животна опасност. Жртвата најверојатно е возачот на комбито. Камерата на 24Вести ги регистрираше остатоците од возилата кои учествуваа во несреќата. На местото беше вистински метеж, а во вадењето на луѓето мораше да интервенира и единицата на противпожарната служба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *