Тешка сообраќајка на патот Македонска Каменица – Делчево

Тешка сообраќајна несреќа при директен судар на две возила – „волво“ и „цитроен“ се случи синоќа околу 20.45 часот кај месноста Баткова Чешма на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, во која тешко биле повредени двајцата возачи. Двајцата возачи кои учествувале во сообраќајната несреќа се од Македонска Каменица.

Според Итната медицинска помош, едниот починал на пат кон болница, а другиот е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје.

Во извлекување на повредените од возилата учествувала екипа на Територијалната противпожарна единица, а делчевската полиција извршила увид на местото на несреќата и притоа сообраќајот бил во прекин околу еден час.

Дополнителни информации се најавени за во текот на денов. Учесниците во несреќата се жители на општина Македонска Каменица.

Според информации на полицијата, синоќа имало уште една несреќа на патниот правец Делчево – Македонска Каменица кај месноста Боришјето, каде што возило излетало од патот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *