Тепачки меѓу малолетници низ цела Македонија – нападнат малолетник и во Македонска Каменица

Тепачки меѓу малолетници низ цела Македонија

Во последново деноноќие полицискиот билтен изобилува со тепачки меѓу малолетници.

Во 18.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода 42 годишен жител од Македонска Каменица затоа што околу 16.30 часот на ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица физички нападнал малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ноќеска, во 2 часот по полноќ во Полициската станица Гази Баба, Д.К. од Скопје пријавил дека на 22.03.2024 околу 21.30 часот на спортско игралиште во населба Автокоманда, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои тројца познавал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во петокот, во 18.20 часот во СВР Куманово, Д.К.(46) од с.Умин Дол, кумановско, пријавил дека околу 9 часот во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, 19.30 часот во Полициското одделение Галате, В.Џ.(37) од с.Неготино, гостиварско, пријавил дека околу 16.45 часот во с.Неготино, тој и неговиот малолетен син биле физички нападнати од Н.Н. од истото село, кој употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *