Текстилна фабрика од Кочани по интервенција на Хелсиншкиот комитет за човекови права казнета од страна на трудовата инспекција

Газда на текстилна фабрика од Кочани го прекршил законот, откако работниците ги натерал да работат за време на државен празник, но за работата им платил обична, а не празнична дневница.

„…Споменатиот работодавач навремено го известил Државниот инспекторат дека одлучил неработниот ден и воедно државен празник да биде работен ден. На тој ден 63 работнички го евидентирале своето присуство на работното место. Работодавчот извршил пресметка и уплата на надоместок на плата за поминати работни часови во ден на неделен одмор, но не извршил пресметка и уплата на надоместок на плата за работа во денови на празници и неработни денови, што е спротивно на Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството…“

Ова е првпат во Источниот регион, Хелсиншкиот комитет за човекови права да интервенира во одбрана на работничките, но и човекови права во текстилна фабрика.

Работата на празници и неисплаќањето на празнична дневница, е едно од најчесто прекршуваните работнички права на текстилните работници. Токму и поради ова, се погласни се барањата за формирање на Синдикат, кој ќе се залага за правата на овие работници:

  • Има потреба од прв надворешен граѓански синдикат на работниците составен од работниците, а не како досега од самите работодавачи, изјави Кристина Ампева, прет. на Здруж. „Гласно“.

Инаку, според Законот за работни односи, за време на празник се исплаќа за 50 % повисока дневница од нормалната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *