Театарска претстава „Новогодишна авантура“ во Домот на култура во Македонска Каменица

Македонска Каменица – На 29.12.2021 година, во Домот на култура во Македонска Каменица ќе се одигра детската театарска претстава „Новогодишна авантура“.
Во соработка на КИЦ „Романса“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица, за учениците од прво до петто одделение, ќе бидат реализирани две изведби на театарската претстава со почеток од 12:00 часот, односно 13:00 часот.

Станува збор за нова театарска претстава, во изведба на театарот „Златен Елец“. Главниот јунак во приказната е малата Лена, која доживува разни згоди и незгоди при китењето на новогодишната елка и претставува една одлична авантура со Дедо Мраз и помошниците Влечко и Сречко.

Во рамки на овој проект, освен претставата за најмладата публика, пред повозрасните каменичани ќе биде прикажан и настанот „ONE WOMEN COMEDY SHOW“ во изведба на Надица Петрова. Овој настан, каменичани ќе можат да го проследат со почеток од 19:00 часот.

Влез слободен!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *