„ТВ училница“ и денеска на МРТ

Во рамки на едукативната програма „ТВ училница“, учениците денеска на Македонската радио-телевизија ќе можат да проследат повеќе лекции по различни предмети што ги изучуваат на училиште.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, денеска со почеток од 10:30 часот на МТВ 1 училишниот час по Природни науки, за прво  одделение, Математика, за прво и второ одделение, Музичко образование, за второ одделение и Слободно време (од прво до трето одделение) на македонски наставен јазик ќе ги одржи одделенскиот наставник Билјана Ивановска од ООУ „Вера Јоциќ“ од Општина Гази Баба.

Со почеток од 12:30 часот на МТВ 2 истите предмети на албански наставен јазик ќе ги одржат одделенските наставници Хатиџе Топали од ООУ „Петар Здравковски – Пенко“ и Мерита Ајдини од ООУ „26 Јули“ од Општина Шуто Оризари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *