ТАЖНА ВЕСТ: Поранешен жител на Каменица прерано почина во Мајами, САД. Потребни се 20 000 долари за транспорт на неговото тело

Мајами(САД), 19 март 2018 година – Вчера од овој свет прерано замина нашиот поранешен сограѓанин Дејан Димитровски Зиле. Со длабока болка во срцето семејството Димитровски, кое сега живее во Делчево, ги известува најблиските и пријателите за прераната смрт на својот многу сакан Дејан Димитровски – Зиле, човек со добро срце кој најмногу ќе им недостига на најблиските, роднините и пријателите. Во овие тешки времиња семејството Димитровски има потреба од молитва и поддршка бидејки се потребни  20.000 долари за транспорт на неговото тело дома, во Македонија каде што Дејан ќе почива во неговиот вечен дом. Сите донации ќе бидат искористени за транспортот и околу тој процес. Донациите се доброволни, а средствата сега за сега, ќе можат да се донираат на линкот подолу каде детално е опишан начинот како да им се помогнеме на унесреќеното семејство Димитровски, кои од срце им се заблагодаруваат на сите кои ќе учествуваат во обебзедувањето 20.000 долари, средтсва кои се повеќе од неопходни во овој тежок момент за нив. Линк за помош на семејството Димитровски https://www.gofundme.com/we-love-you-zile

Извор: Делчево365

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *