СУПЕР ПОНУДА: Еднодневни патувања со ЛИБЕРО ТРАВЕЛ по повод Денот на вљубените

СУПЕР ПОНУДА: Еднодневни патувања со ЛИБЕРО ТРАВЕЛ по повод Денот на вљубените

По повод Денот на вљубените и виното, за сите Вас, Либеро Травел овој викенд организира неколку еднодневни екскурзии во соседна Бугарија. За во недела на 11. Февруари 2018, имаат одредено повеќе пакет дестинации, со цел да ги задоволат љубопитноста и вашите желби за убави патувања.Во продолжение на текстот разгледајте дел од нив:

 

  • РИЛСКИ МАНАСТИР – БЛАГОЕВГРАД – МЕТРО

    Тргнување во 05:30 часот, од пред ТА „Либеро Травел“ – Кочани. Патуваме преку граничен премин Делчево со кратки попатни паузи и цариски формалности. Пристигнуваме во Рилски Манастир во 09:00 часот, каде имаме слободно време за разглед на манастирот од 2 часа. Во 11 часот тргнуваме за Балгоевград, каде имаме слободно време за ручек, кафе и шопинг од 3-4 попладневни часови. Околу 16 часот тргнуваме од Благоевград, при што попатно го посетуваме „Метро„ каде ќе имаме можност за пазарење од 1 час.

    повеќе информации за оваа понуда можете да прочитате тука.
    *единечна цена за ова еднодневно патување е 500 денари

  • ЗЛАТЕН ГРОЗД (Фестивалот на Мелничкото вино) – МЕЛНИК (Роженски манастир- Кордопуловата куќа) – РУПИТЕ  (Баба Ванѓа) – МЕТРО

    Тргнување во 05 часот од пред ТА „Либеро Травел“ – Кочани. Кратки попатни паузи и царински формалности. Минуваме низ Петрич, а потоа продолжуваме со посета на комплексот Рупите, во кој се разгледува црквата на Баба Ванѓа „Света Петка“, музејот посветен на животот и делото на Ванѓа, дом на баба Ванѓа со посебната просторија во која ги примала луѓето и нејзиното вечно почивалиште. Разглед на прекрасната природа и топлите минерални води со неверојатни 75 степени целзиусови. Проддолжуваме кон Мелник – специфично место познато по неговите пирамиди од песок, посета на познатиот Роженски манастир каде во близина се наоѓа гробот на војводата Јане Сандански, факултативна посета на Кордопуловата куќа – Винарија, каде се дегустира вино. Слободно време во Мелник за прошетка и ручек и следење на петото издание на фестивалот „Златен грозд“ со богата фолклорна и културна програма за прикажување на традицијата и обичаите со ансамбли од Бугарија и другите балкански земји.
    Можност за едночасовен шопинг во Метро (Благоевград)

    за повеќе детали на следниов линк http://liberotravel.com.mk/product/3934/
    * ова еднодневно патување чини само 600 денари по лице

    Согласно вашите потреби, превозот е организиран од следниве градови: Виница, Кочани, Македонска Каменица и Делчево 
     033 272- 800
    ? 072 272-800, 078 372 800


 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *