Денеска во Струга се одржа масовен религиозен собир. Поконкретно, станува збор за традиционална струшка Еордија – литијата со икона на Св. Великомаченик Георгиј Победоносец, збогатена со неговите мошти од неговиот Манастир во Рајчица.
Како што може да се забележи, нема никаква дистанца меѓу насобраните граѓани, а ретко може да се види некој како носи заштитни маски.
– Па добро бе луѓе. Дали живеете во паралелен универзум? Кој дел од пандемија не го разбирате?, се само дел од коментрите на социјалните мрежи.
Фото: Струга онлајн