Сторија на Телма за Санде Цековски од село Косевица

Со солзи во очите 56 годишниот Санде Цековски од селото Косевица од Македонска Каменица ја чека втората операција во приватната клиника Систина на 1 септември. Тумурот на р’ бентниот столб веќе 20 години му прави проблеми, бил во многу полоша состојба, првата операција го вратила во живот, сега ја чека и втората. Но, недостжни се уште околу половина милион денари. За операцијата се потребни 2. 100.000 денари, досега се собрани три четвртини од парите. Предвреме пензионираниот рудар поради болеста, зема само 10.000 денари пензија, а во него има силна желба за живот.

 Голема помош му даваат неговите браќа. По операцијата очекува дека самиот ќе може да се грижи за куќата или неа, сега со помош на ортопедските помагала одвај се движи, по секој 10 до 15 метра мора да застане.

Жители, печалбари од рударскиот град Македонска Каменица, неговата поранешна фирма, рудникот Саса изминатиот месец донирале за Санде. Хуманистот Дарко Гоцевски кој ги организира овие хуманитарни акции, а во нивната реализација  влегува со многу енергија и желба за помош на сограѓаните вели дека остануваат уште само неколку дена.

Доволно  е до почетокот на септември  секој петстоти граѓанин на оваа наша држава да сврти на телефонските броеви и да помогне на поранешниот рудар Санде.

Викторија Јованова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *