Србите најмногу ги сакаат Грците, најмалку Хрватите. Каде се Македонците?

Граѓаните на Србија особено се пристрасни кон Грците и Македонците, за кои велат дека им се омилени нации, додека најмногу негативно мислење владее за Хрватите, се вели во истражувањето на агенцијата „Фактор плус“, кое го белградскиот весник „Блиц“.

Испитаниците помлади од 50 години на врвот на листата на омилени народи, покрај Грците, ги ставаат и Црногорците.

Истражувањето покажа дека длабоките историски трауми, стереотипите, нерешеното прашање на Косово и Метохија и ставови на политичарите влијаат на односите меѓу Србите и Албанците.

Во споменатото истражување, исто така, се посочува дека околу 43 проценти од возрасните испитаници имаат најмногу позитивно мислење за Грците. Лицата постари од 50 години, според резултатите од ова истражување, ги преферираат Македонците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *