СРАМ ДА ТИ Е НОВАК!

По две и пол години Новак Ѓоковиќ не е тенисер број 1 во светот на АТП листата и местото му го зема Енди Мареј. Дежурните критичари во Србија го распнаа на крст како да клизнал 20 места, а оние што го поддржуваат и сакаат и кога губи, ја препорачуваат оваа статија за читање.

Според веродостојни информации пред две ноќи во Ајдахо, САД, соседите пријавиле нарушување на јавниот ред и мир бидејќи нивниот сосед на цел глас доживеал серија на оргазми додека гледал пренос од тенискиот турнир во Париз.

Инцидентот брзо бил прекинат бидејќи се испоставило дека се работи за поранешниот шведски тенисер Матс Воландер кој не успеал да ги среди своите емоции додека го следел мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Марин Чилич. На кој начин Виландер се согласил да го компензира претрпениот стрес на соседите, тоа не е јасно.

За Виландер ова однесување не е чудно, ниту изненадува знаејќи колку го фрустрираше долгата доминација на Новак Ѓоковиќ, која често не се ни обидуваше да ја скрие. Тоа што остава непријатен впечаток, иако ниту тоа не зачудува премногу е нескриениот потсмев на домашната јавност и медиумите што Новак од вчера е втор тенисер во светот.

Јасно е дека Србите имаат многу великани на светскиот спорт и овој пад на Ѓоковиќ им дојде како навреда и под ниво. Со оглед дека сме неприкосновени шампиони во фудбал, ракомет, кошарка, одбојка и многу други спортови, разбирливо е што Новак во оваа прилика не посрамоти и оваа никогаш нема да му биде простено.

Има тука и други причини се разбира бидејќи крстот е заменет со амајлија, бидејќи не плаќа данок во Србија, а сите ние од уста одвојувавме за да стане некој и нешто во животот.

И сега вака ни враќа.

Само 126 недели или речиси две и пол години поминати на прво место, веројатно во најсилната конкуренција која светскиот тенис ја имала некогаш, не беа доволни да ја задоволи домашната јавност која одамна претпоставуваше дека овој момент мораше да се случи.

Од почеток неговите критичари мудруваа меѓу нас дека секоја приказна па и онаа на Новак има крај. Дека порано или подоцна ќе дојде и тој момент кога ќе биде втор во свет. За нас кои достигнавме максимум во сè во животот.

Џабе и 66 освоени турнири и 12 Грен слемови, на нас Србите тоа ништо не ни значи, затоа што некогаш сепак ќе дојде крајот.

За споредба, гореспоменатиот Виландер освои само половина од тие трофеи. Еден Горан Иванишевиќ на кој Хрватска и ден денеска му се поклонува освои еден Вимблдон.

Новак три.

На нас Србите тоа не ни значи ништо, бидејќи кога нешто сакаме, го сакаме од снага, како фудбалерите. Кога мразиме, тогаш мразиме уште посилно, како сега Новак Ѓоковиќ. И сега кога веќе не е прв можеме да земеме здив.

Веќе не ни смета дали и каде плаќа данок, дали е во ист хотел со Наташа Беквалац, дали и што носи околу врат и што мисли за тоа Српската православна црква, како и ние големите Срби кои ретко одиме во црвка, но практикуваме православие и турбо фолк.

И срам да ти е Новак што не држеше ноќи и ноќи будни да те гледаме како освојуваш, сè што можеше да се освои, срам нека ти е што пола свет слушна за Србија, само затоа што неговото име стоеше покрај твоето, срам нека ти е што често беше полесно да се стане рано и да се работи за бедна плата, бидејќи претходната ноќ го умори Надал или му ја расипа фризурата на Федерер.

Срам нека ти биде што беше наш, а не ти беше срамота да го кажеш тоа. Засрами се што и сега кога ти е тешко не имаш нас кои не знаеме да го цениме сето тоа што го постигна. Засрами се, бидејќи мене ми е срам од нас самите што сме вакви какви што сме. И сите повторно ќе те вивнеме до ѕвезди и ќе зборуваме дека знаевме дека ќе се вратиш кога повторно ќе почнеш да освојуваш турнири.

Такви сме ние Србите.

Што би рекол Црњански „Никаде не се зборува толку лошо за нас, како што зборуваме ние самите“.

Ненад Ускоковиќ

Инаку хејтерите направија и план како да го вратат на врвот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *