Срамно однесување на ученици: Малтретираат професорка и ја снимаат/ВИДЕО

Срамно однесување на ученици во Србија: Ученици малтретираат професорка и ја снимаат/ВИДЕО

Во инцидентот што се случил во Техничкото училиште во Трстеник, Србија учествувале тројца ученици кои ја омаловажиле професорката и сето тоа го снимиле со мобилен телефон, а подоцна го објавиле на социјалните мрежи.

На Твитер се појави шокантна снимка од тројца ученици, на која може да се види како едниот се расправа со професорката и се расправа со неа, додека друг приоѓа одзади и и го одвлекува столот, додека третиот сето тоа го снима на својот телефон.

Непримерната шега заврши, за среќа, без посериозни последици за жртвата на насилството, во случајов професорката, која не се здобила со сериозни повреди, но срамното однесување на учениците ја изложила на страшно понижување.

 

Официјално се огласи колективот на ОУ „Љубивоје Бајиќ“ од Медвеѓа кај Трстеник.

– По повод насилничкото однесување на учениците врз нашата колешка, која е вработена во техничкото училиште „Трстеник“, сакаме да ја дадеме нашата целосна поддршка, со цел актерите во дадениот настан да ја сносат законски пропишаната одговорност за стореното кривично дело – наведуваат наставниците од ОУ „Љубивоје Бајиќ“ во отворено писмо објавено на училишната страница на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *