Спроведена акција за заловување на кучиња скитници во Македонска Каменица

Македонска Каменица 19.10.2020 година – Општина Македонска Каменица соопшти дека денес е реализирана акција за заловување на кучињата скитници во централното градско подрачје.

Заловени се 8 кучиња скитници од страна на ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово – компанијата која на основа на претходно склучен договор за услуги ја спроведува постапката за нивно соодветно третирање.

Ова е втора спроведена акција од склучениот Договор. При првата акција реализирана во изминатиот месец беа заловени 9 кучиња скитници. Од општината најавуваат уште акции за заловување на кучиња скитници во градското подрачје и поголемите населени места во општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *