Со 40.000 евра годишно спонзорство од Рудникот, ФК Саса ќе стартува во новата сезона

Викендов што доаѓа, односно на 27-ми август, ФК Каменица Саса ја стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Првиот натпревар каменичани ќе го играат во Радовиш, против екипата на Плачковица, а почетокот е закажан за 16.30 минути.

Новата сезона Саса ја започнува со засилен состав и со решени финансиски проблеми. Покрај веќе утврдената силна финансиска поддршка што клубот ја добива од општина Македонска Каменица, од годинава значително е зголемена поддршката и од Рудник Саса. Имено, најголемиот стопански капацитет на подрачјето на Македонска Каменица, донесе одлука да го финансира спортскиот клуб со околу 40.000 евра годишно. Ова значи дека фудбалерите и управата на клубот можат да се посветат само на натпреварите и на постигнувањето добри резултати, а најавите од Рудникот се дека ФК Каменица Саса ќе биде силно поддржана и доколку клубот успее да обезбеди пласман во Прва лига.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *