Со еден клик проверете дали сте на листата граѓани кои ќе добијат финансиска помош од четвртиот сет мерки

Внесете го матичниот број и проверете веднаш.

Започнува четвртиот сет економски мерки за помош на граѓаните од државата. Пакетот мерки се однесува на ранливите категории граѓани и оние кои се најпогодени и без прходи во пандемијата.

На интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk од денеска можете да проверите дали исполнувате услови и може да добиете 6.000 денари. Проверката се врши со внесување на матичниот број во празно поле кое е дадено на првата страница.

По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Овој пат, а поради потребата од брза реализација на мерката и заштеда на време потребно за печатење на платежни картички, мерката ќе се реализира преку исплаќање на средства на постоечка трансакциска сметка на граѓаните кои веќе поседуваат сметка во банка и дебитна картичка за користење на средствата од истата. За граѓаните кои немаат трансакциска сметка во банка, средствата ќе бидат исплатени на трансакциска сметка која ќе треба да ја отворат кај една од банките која склучила договор со Владата, при што во овој случај банките ќе треба да издадат дебитна картичка од причина што примената финансиска поддршка може да се користи исклучиво со употреба на дебитна платежна картичка. Значи, банките ќе им издадат картичка на тие кои немаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *