СОЊА СТАМЕНКОВА Е ГРАДОНАЧАЛНИК НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Кандидатот на СДСМ – Соња Стаменкова, е победник на изборите во Македонска Каменица!

29 Х, 2017, Каменица (kamenica.mk)

Од вкупно 100% обработени гласови на ДИК кандидатката на СДСМ Соња Стаменкова е победник на ЛИ17 во Македонска Каменица.

Соња Стаменкова општината ја наследува од кандидатот Дарко Митевски кој после два мандати не успеа да добие и трет мандат од граѓаните. Кандидатот на СДСМ Соња Стаменкова во два наврати го победи Митевски. Разликата од 166 гласови од првиот изборен круг, денес во вториот изборен круг СДСМ успеа да ја зголеми на 609 гласови разлика. За СДСМ ова е историска победа. На чело со Соња Стаменкова, СДСМ успева за прв пат слави победа на едни локални избори во Македонска Каменица.

Граѓаните масовно излегуваат на улиците да ја поздрават Соња Стаменкова, новиот Градоначалник на Македонска Каменица, а голем дел од нив се приклучија и на коктел-забавата организирана во чест на големата победа за СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *