Социјална пензија ќе добијат над 500 лица од источна Македонија

„Во Македонија Пат работев пет години, а имам платено само пет месеци стаж. Во тогашна Фортуна , работев 15 години и пак немам стаж. таму имав несреќа, бев потрупан со земја и оттогаш сум неспособен за работа, а инвалидска пензија не ми дадоа“, ја раскажа својата животна и работна приказна штипјанецот Шакир Иљазов.

Случајот со Шакир е идентичен со уште најмалку 500 други во Источниот  регион.  Сите тие или  го немаат минимално потребниот стаж од 15 години за стекнување право на пензија , или фирмите не им уплакале  во пензискиот фонд.

„Многу наши членови не успеаја да добијат надомес зашто иако работеле , стажот не им е платен или им се озгубени документите па немаат доказ за 15 години работа. најмногу ги има од Винарска виба ама и од други фирми“, изјави Кемаледин Арсланов, претседател на Унит – Штип.

Ова е нивната   веројатно последна шанса во животот да стекнат  каква таква социјална  сигурност  за живот бидејки се работи за лица кои се постари од 65 години:

„Ова значи многу за сите луѓе кои се стари и немоќни, не можат да работат повеќе. Ако се оствари ова, барем ќе имам нешто за јадење, вака немам ништо“, вели  Шакир.

Според анализите, вкупно тие во државата се околу 6000 и месерчно треба да добиваат по 6000 денари. Законот веке е во собраниска процедура  и се очекува да биде донесен до крајот на јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published.