Соработка меѓу средното стручно и компаниите од Македонска Каменица и регионот

Консултациите со претставниците на средните стручни училишта, компаниите и локалните самоуправи денес продолжија во Општина Берово, каде присуствуваа и градоначалниците на Македонска Каменица, Пехчево и Делчево. На средбата министерката за образование и наука Мила Царовска, уште еднаш ја истакна потребата од блиска соработка помеѓу стручните училишта и компаниите, напоменувајќи дека само со заедничка визија и реализација на средното стручно образование добиваат сите учесници.

„Учениците добиваат феријална пракса со што одблизу се запознаваат со дејноста и струката која ја изучуваат, додека компаниите имаат можност да регрутираат кадар, по завршување на средното образование и со тоа да овозможат непречен развој на производството и усугите, а со тоа да придонесат и за намалување на невработеноста во земјата“, истакна министерката Царовска.

По завршувањето на средбата градоначалничката на општина Македонска Каменица изјави: “Ние, како локална самоуправа активно сме вклучени во процесите за креирање на квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и ќе ја зголеми вработливоста на младите во нашата Општина.

Преку социјалниот дијалог со компаниите ги идентификуваме нивните суштински потреби и како локална самоуправа се вклучуваме во дизајнирањето на наставните програми и продолжуваме со креирање на политики и новини во работењето за забрзан развој на нашата Општина и регионот, – додаде Стаменкова

На средбата покрај претставници од компании од Македонска Каменица, присуствуваа и претставници на меѓународни организации и институции, како и претставници на Стопанските комори и на компаниите.

Досега од спроведената анализа, 85% од компаниите во земјава, изразија желба и подготвеност за соработка со средните стручни училишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *