Сончево со мала доумерена облачност (kamenica.mk)

Сончево со мала доумерена облачност

 5.XI.2017 (kamenica.mk)

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност претежно во планинските региони и со слаб до умерен јужен ветер.

Во утринските часови, по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени.

Во Каменица Македонска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Температурата ќе достигне до 16 степени.

Во понеделник кон вторник ќе се зголеми облачноста и во вторник во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд.

Во ноќта кон среда и особено во среда преку денот ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и тоа најпрвин во планинските делови на западот, а кон крајот на денот и на истокот каде што овие врнежи ќе бидат поинтензивни. Во тој период утринските температури ќе се насекаде над нулата, а поради зголемената облачност дневните температури малку ќе се намалат.

Потоа следи променливо време со изгледи за ново преодно наоблачување со краткотраен дожд.

Известува: МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *