Сончево и топло со температури до 24 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб северозападен ветер.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 22 Целзиусови степени, Маврово 15, Охрид 18, Битола 21, Крива Паланка 19, Берово 18, Кавадарци 23, Дојран 24.

И за утре временската прогноза е сончево и топло со мала до умерена облачност, со слаб југозападен ветер и повисоки дневни температури – Скопје 25, Маврово 19, Охрид 21, Битола 24, Крива Паланка 22, Берово 21, Кавадарци 26, Дојран 27 степени.

Од понеделник ќе имаме промена на временските прилики, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе се движат од 15 до 23 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *