Сончево и топло до 22 степена

Времето ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 3, а дневната од 13 до 22 степена.

Во Скопје, слично време, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 21 степен.

До сабота ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во недела ќе настапи наоблачување, попладне со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидт поројни. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување, па од понеделник покрај на планините врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *