Скоро 1 000 угостители ставиле “клуч на врата“ во кризната 2020-та

Расте бројот на фирми што ставиле клуч на врата и бројот на луѓе што останале без работа. Податоците од Заводот за статистика покажуваат дека само за една година скоро 1000 фирми од секторот “други услужни дејности“ одлучиле да го затворат бизнисот. Токму оваа дејност, според официјалните податоци апсорбира речиси 7% од вкупниот број на приватни фирми во земјава, анализира Порталб.

Расте бројот на невработени поради економската криза

Вкупно 250 308 лица се евидентирани како невработени – активни и пасивни баратели на работа. На крајот од вториот месец од годинава податоците од Агенцијата за вработување покажуваат натамошен тренд на раст на бројот на невработени. Конкретно 159 608 се регистрирани како активни баратели на работа и во однос на јануари има зголемување за скоро нови 1000 регистрирани. Слична е состојбата и кај пасивните баратели на работа, во февруари регистрирани 90 700 со раст од 407 новоевидентирани.

Јануари   2021                       Февруари 2021

Невработени – активни баратели            158 681                                       159 608

Невработени – пасивни баратели            90 293                                         90 700

Една од причините за зголемување на бројот на невработени е “мобилизацијата“ за евиденција поради законските обврски за примање на државни надместоци, но удел и натаму има економската криза. Така, на крајот од февруари бројот на отпушени лица поради Ковид 19 кризата достигна 18 266.

За економско заздравување потребна е “вакцинација“

И официјалната статистика ги потврди црните предупредувања на угостителите. Само за една година 911 деловни субјекти, односно фирми од “други услужни дејности“ го затвориле бизнисот, а како клучен фактор е токму економската криза.

2019 / 2020

Вкупен број на деловни субјекти                             -3,8%

Други услужни дејности                                            -15,2%

Сектор снабдување со ел.енергија, гас                  -11,6%

Освен во угостителската дејност, и во сектоорт снабдување со електрична енергија, гас и климатизација е регистрано намалување на бројот на фирми за 26 на годишно ниво.  Според официјалната статистика лани имало 73 061 фирма, од нив скоро 7% биле од секторот други услужни дејности во кој работат повеќе од 15 000 луѓе.

Впрочем, најпогодените сектори и дејности апсорбираат и најголем број на вработени, како што се преработувачката индустрија, земјоделството, трговијата, транспортот.

Број на вработени по сектори 2020 та

Земјоделство                                                             95 545

Трговија                                                                     116 970

Преработувачка индустрија                                    158 135

Транспорт                                                                   43 348

Сумираните податоци покажуваат дека 2020 та завршува со зголемна стапка на невработеност на 16,4%.  Сепак, според најавите на бизнис секторот годинава се очекува економско закрепнување.

„Кога станува збор за согледувањата на економските субјекти за состојбата во економијата, резултатите од анкетните истражувања за периодот јануари-февруари 2021 година упатуваат на значително подобрување во однос на четвртиот квартал од 2020 година. Зголемениот оптимизам кај економските субјекти упатува на продолжување на постепеното економско закрепнување, коешто во најголема мера се должи на стабилизирањето на вториот бран од пандемијата во овој период и започнатата имунизација во земјата“ – нотираат од Народната банка.

Но, со оглед на одолговлекување на процесот на имунизација и до скоро блокираните законски решенија во Собранието кои се однесуваат на петтиот антикризен пакет на мерки, дел од економистите и бизнисмените предупредија дека економската криза во земјава може да се “развлече“ и прелее и во вториот економски квартал кој почнува за неколку денови.

„Ваквата блокада носи и ризик спасувањето на работните места постигнато во 2020 година сега да биде изгубено, особено во секторите коишто се и понатаму критични: трговијата, транспортот, угостителството, забавата и рекреацијата, и личните услуги“ – посочуваат од институтот Финанце тинк.

На 31 ви март треба да пристигнат вакцини од Ковакс ситемот – на истиот ден завршува рокот за аплицирање за помошта од петтиот пакет на мерки, два клучни фактори кои ќе ја детерминираат економската активност на фирмите, а со тоа и “судбината“ на голем број на вработени во периодот што следува.

Извор: Порталб

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *