Сите членови на Антикорупциска комисија утре си поднесуваат оставки?

 Покрај Горан Миленков, првиот член на Антикорупциската комисија кој си даде оставка денеска, неотповикливи оставки најавени се и од претседателот на комисијата Игор Тантуровски и другите членови и тие утре треба да бидат доставени до Собранието, како што велат извори од Парламентот за САКАМДАКАЖАМ.МК

Претседателот на комисијата Игор Тантуровски, попладнево не беше достапен на мобилниот телефон, а исто и лицето задолжено за односи со јавност во Антикорупциска не одговараше на нашите повици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *