Синиша Михајловиќ боледува од леукемија

Синиша Михајловиќ на прес-конференција во Болоња потврди дека боледува од леукемија, но најави дека ќе продолжи да работи како тренер на фудбалскиот клуб додека се лекува. 50-годишната легенда на српскиот фудбал не се појави на тренинг-кампот пред стартот на сезоната.

Ја организирав оваа прес-конференција бидејќи сакав прво вестите да им ги соопштам на играчите, но и на сите вас. За жал, не сите го почитуваа моето барање за приватност за да продадат неколку стотина повеќе весници го уништија пријателството кое траеше со години. Имам леукемија, но ја почитувам болеста. Едвај чекам да одам во болница и да почнам со борбата. Немам сомнеж дека ќе победам. Најтешко беше да се скрие од мојата сопруга. Имав треска и таа не веруваше во моите приказни бидејќи знаеше дека обична болест не би ме спречила да одам на тренинзите. Кога ги добив вестите, беше вистински удар. Седев таму и плачев со денови, животот ми поминуваше пред очи. Но, како и секогаш треба да се нападне за да се победи. Ако седиш и се браниш, веднаш ќе го изгубиш. Ја користев таа тактика во фудбалот и ќе ја добијам оваа битка. За мене, за моето семејство, за моите деца, за тие кои ме сакаат. Добив 600-700 пораки во последните неколку дена и се извинувам што не одговорив.  – изјави емотивно Михајловиќ.

 

Тој исто така посака да ја крене свесноста за ракот и за раната дијагноза.

Тренирав секој ден до мај, патував насекаде и играв фудбал и не почувствував умор и болка. Мојот татко почина од рак, така што знам дека треба постојано треба да се тестирам. Никој од нас не е неуништлив. Се надевам дека ќе помогнам и другите да почнта да се проверуваат постојано. Јас бев совршено здрав, но сега сум тука. Животот ти се менува во момент. –  додаде Михајловиќ.

Симпатизерите на Болоња му изразија фантастична поддршка на Михајловиќ пречекувајќи го надвор после завршувањето на средбата со медиумите. Поддршка му упатија поранешните соиграчи и пријатели кои Михајловиќ ги има во целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *