Силвестер Сталоне итно пренесен во болница

Холивудскиот актер Силвестер Сталоне е хоспитализиран после висок крвен притисок, вртоглавица и забрзана работа на неговото срце.

71-Годишниот актер моментално се наоѓа во болница во Лос Анџелес.

„Примен е поради анализа која докторите сакаат да ја направат. Не е поврзано со стрес. Докторите едноставно сакаат да се уверат дека тој е добро“, вели извор близок до актерот за американските медиуми.

Инаку, крајот на 2017 година не беше ниту малку лесен за славниот актер.

Имено, тој беше споменат во полициски извештај во ноември, во кој се тврди дека силувал една жена во 1990 година.

Актерот веднаш ги демантираше овие тврдења.

„Тоа никогаш не се случи“, изјави тој и додаде дека тој и неговото семејство, посебно сопругата Џенифер Флавин, се многу разочарани што ќе биде одбележан со нечии лаги.

„Една работа е да ме нападнете мене, но да се напаѓате невини луѓе кои го живеат својот живот и чии репутации се загрозени со овие тврдења, тоа е навистина ужасно“.

Неименуваната жена наводно го посетувала додека снимал филм во Израел 1987 година, а „силувањето“ се случило три години подоцна во неговата канцеларија во Санта Моника.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *