Се чисти обраснатата вегетација околу локалните патишта во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 27. 06. 2019 година – Од ЈП Камена Река – Македонска Каменица известуваат дека, денес започна употребата на машината „мулчер“, набавена за уредување на помалку пристапните зелени површини во градските и селските средини.

По извршениот тест период и користење во градските средини, денес мулчерот започнавме да го користиме за чистење на вегетацијата околу локалните селски патишта во општина Македонска Каменица. Денес, чистевме околупатна обрасната вегетација во село Косевица, а со истите активности продолжуваме и во наредниот период со чистење на останатите локалните асфалтни патишта од селските средини, изјавуваат од ЈП Камена Река – Македонска Каменица.

Со ова, општина Македонска Каменица преку активностите на ЈП Камена Река продолжува активно да работи на подобрувањето на квалитетот на живот во селските средини. Конкретно, со отстранувањето на крупната вегетација покрај локалните патишта значително се подобрува прегледноста и пред се безбедноста во сообраќајот. Мулчерот, во иднина ќе се користи на сите комунални површини, зеленило и напуштени подрачја, ќе се уредува обрасната трева и крупни растителни остатоци. ЈП Камена Река и општина Македонска Каменица за набавката на градежниот-алат мулчер издвоија 315.000,00 денари со вклучен ДДВ, – се вели во изјавата дадена од општина Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *