Се порибува езеро Калимаци

Македонска Каменица, 09.03.2018 – Денес, Спортско риболовното друштво „Шаран“ изврши порибување на езерото Калиманци со 600 кг риба – крап. Рибите се набавени од Репро Центар „Пелагонија“ од Жабени, Битола. На порибувањето покрај членовите на СРД „Шаран“ присуствуваа и генералниот директор на Рудник „Саса“, г-дин Нил Стевенсон и градоначалникот на општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова.

Оваа активност на каменичкото спортско риболовно друштво традиционално е поддржана од Рудник „Саса“ и за таа намена годинава најголемиот стопански капацитет во Македонска Каменица одвои 150.000 денари.

Во понеделник (12.03.2018) во езерото ќе бидат пуштени дополнителни 600 кг кои пак ќе бидат обезбедени со финансиска поддршка на општина Македонска Каменица.

На овој начин, езерото Калиманци ќе остане препознатлива дестинација која ќе ги привлекува спортските риболовци, не само од Македонија туку и од странство.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *