Се одржа црковно народниот собир „Покров на Пресвета Богородица“ на „Еленец“ во село Цера

dav

Македонска Каменица, 14.10.2019 година – Традиционалниот собир на манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец“ во село Цера кој трае со години и денес по повод христијанскиот празник “Покров на Пресвета Богородица” ги собра верниците кај манастирот кој го носи името на мајката Божја и се слави секоја година на 14 октомври.

 

Како што велат организаторите овој собир е еден од најстарите и традиционалните во село Цера.

-Самиот собир е во организација на жителите од селото, но и здружението на граѓани “Еленец“ од село Цера.
Општина Македонска Каменица активно учествува во спроведувањето на програмските активности, така и оваа година има предвидено богата музичка програма каде присутните на манифестацијата ги забавуваат неколку музички групи и културно-уметнички друштва. Освен тоа за присутните е организиран и црковен ручек, велат од Здружението на граѓани „Еленец”.

Како што раскажуваат мештаните легендата за манастирот “Покров на Пресвета Богородица” датира од римско време.

-Постојат податоци уште од римско време кои велат дека верниците доаѓале местото каде имало издлабена карпа, и поставено икона пред која се молеле, а карпата стои и ден денес на Еленец каде има света вода за која се верувало дека била лековита. Потоа овде се изградило мало манастирче веднаш до светата вода за да во деведесетите години од минатиот век манастирот да се изгради и да го добие денешниот лик, велат мештаните.

 

 

sdr
dav
dav

Leave a Reply

Your email address will not be published.