Се одржа спортското рели “Царев Врв 2019”

 

Стотина теренски возила и мотоцикли и годинава учествуваа на спортското рели со крајна цел Царев врв на Осоговските планини.

Релито го организираше Еколошкото друштво ,,Здравец 2002″ од Македонска Каменица, а патеката, како што информираше претседателот на друштвото, Миран Митревски, била долга 25 километри, со висинска разлика од 1.300 метри до највисоката точка Царев Врв на 2.085 метри надморска височина.
-И годинава над стотина љубители на офф-роад предизвиците со 4×4 возила, моторцикли, џипови, пристигнаа во Македонска Каменица, а потоа се упатија кон Царев врв и уште еднаш ги испробуваа перформансите на своите нови-специјално набавени, како и своите искусени и проверени возила, како дел од авантуристизмот што го нуди овој рекреативен спорт. Учесниците со своите теренски возила имаа можност да возат низ прекрасни пејзажи и крајолики предели, стрмнини, угорници и удолници, полјани и шумски честаци во височините на Осоговието, истакна Митревски.
Стартната позиција на учесниците беше од каменичкиот градски плоштад, а оваа година додава Митревски има учесници од Делчево, Македонска Каменица, од останатите градови во Македонија, но и од соседна Србија и од Бугарија.
На настанот учествуваше и поголема група ,,ендуро” моторџии кои и дадоа посебен белег на трката.
Организаторот ја искористи приликата да ги покани учесниците да се придружат на Меѓуграничната средба „Руен 2019″ што ќе се одржи наредната недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *