Се одржа најатрактивната велосипедска тура во регионот „Tour the Kalimanci Lake“

Македонска Каменица, 06.09.2020 година – Денес, во Македонска Каменица се одржа третото издание на Tour The Kalimanci Lake. Велосипедска тура која велосипедистите ги движи околу водите и природните убавини на Калиманско Езеро и живописните предели на Македонска Каменица.

Организаторите на настанот упатуваат голема благодарност до сите учесници велосипедисти од Крива Паланка, Штип, Македонска Каменица, Берово, Кочани, Делчево, Виница, Скопје и од други места во регионот и државата.

Исто така, потенцираат дека, организацијата на Tour The Kalimanci Lake вклучува несебична поддршка од главните помагатели на настанот Palmas NW и Општина Македонска Каменица, ангажман на поголем број на волонтери и логистичка поддршка од ТППЕ Македонска Каменица. Огромна благодарност до нив.

„Во рамки на третото издание на Tour the Kalimanci Lake имаме рекорден број на учесници. Особено радува фактот што годинава се зголемува бројот на учесници од нашиот град. Турата се повеќе ја возат и каменичани, а годинава пријатно изненади учеството на велосипедисти од Крива Паланка, Штип и Берово. Нешто што ни дава за право, во иднина да планираме проширување на спортските активности во рамки на велосипедската тура и додавање на нови содржини во рамки на истата“, – дополнуваат организаторите на Tour the Kalimanci Lake – Македонска Каменица

Како електронски медиум kamenica.mk, целосно го покрива настанот од самиот почеток на одржувањето до денес, со цел развој на туризмот и промоција на природните убавини на Македонска Каменица и Калиманско Езеро.
Се надеваме дека наредната година ќе бидеме во можност да Ви доловиме повеќе моменти од планираните велосипедски и планинарски тури од меѓуопштински, национален и меѓународен карактер кои ќе се одржат на територијата на општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *