Се зајакнуваат капацитетите на месните заедници во општините Македонска Каменица и Виница

Македонска Каменица,15.03.2019 година – Здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица, заедно со здружението „ИНИ“ од Виница, денес во Македонска Каменица одржаа завршна конференција со која беше објавен завршниот дел од проектот: „Силни месни заедници за силна локална демократија“. Главна цел на овој проект е „да се подигнат капацитетите на месните заедници“ во општините Македонска Каменица и Виница.

Координаторот на проектот „Силни месни заедници за силна локална демократија“, Марија Ситновска од здружението „Надеж – Норе“ изјави дека проектот го спроведуваат од 01.20.2018 година до 31.03.2019 година, со цел подигнување на капацитетите на месните заедници во општините Македонска Каменица и Виница. За време на спроведување на проектот оформени се 6 совети  на месните заедници, о кои три во општина Македонска Каменица (Луковица, Моштица и село Саса) и во општина Виница селата Лески, Блатец и Јакимово.

Овој проект има за цел да им овозможи на жителите на месните заедници од општините Македонска Каменциа и Виница подобро да ја разберат важноста на сопственото учество во процесите на креирање политики и донесување одлуки.  учеството на граѓаните во процесите на креирање политики и донесување одлуки во насока на изнаоѓање квалитетни решенијакои ќе бидат од интерес на сите засегнати граѓани. Преку овој проект граѓаните ќе имаат можност да ги осознаат начините за влиаење врз процесите на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво. Само континуиран двонасочен канал на комуникација меѓу граѓаните и општината може да произведе квалитетни одлуки на локално ниво и висок степен на соработка и демократија, а со тоа и поддобрување на квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните. – изјави Тодор Цонев, од здружението „ИНИ“ Виница.

Проектот „„Силни месни заедници за силна локална демократија“ е финасиски поддржан од страна на Европската Унија, преку програмата „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ која што во Република Северна Македонија ја спроведува Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во партнерство со Институтот за развој на заедницата – Тетово и Ценнтар за одржлив развој „АЛКА“ – Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.