Се запалила семејна куќа во делчевското село Илиово. Сами си ја гаснеле бидејќи повиканата пожарна служба не дошла на местото на пожарот

Пожар избувнал во четвртокот вечер во семејната куќа на Г.Б. (64) од село Илиово, делчевско, при што била зафатена една соба во која престојувале и изгорела покуќнината и дел од таванската конструкција.

Известена била ТППЕ-Делчево, кои поради непристапниот терен и временските неприлики (големите наноси од снег), не можеле да излезат на местото на настанот. Пожарот за кратко време бил локализиран од страна на пријавителот, неговиот татко и Ј.Р. од Илиово.

Истиот настанал најверојатно поради палење на саѓите во оџакот, меѓутоа точните причини ќе бидат утврдени по извршениот увид на самото место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *