Сер Алекс Фергусон – ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН

На денешен ден пред точно 30 години на клупата на Манчестер Јунајтед свое деби имаше, можеби најголемиот фудбалски менаџер на сите времиња, Сер Алекс Фергусон. Легендарниот Ферги својата авантура на „Олд Трафорд“ ја започна со неочекуван пораз од Оксфорд (2-0).

Шкотот чекаше цели четири години за да го освои првиот трофеј со „црвените ѓаволи“, а претходно повеќе пати беше на работ на отказ. Во финалето од ФА Купот на „Вембли“ во 1990 година Јунајтед со голот на Ли Мартин славеше победа на Кристал Палас и тогаш го освои седмиот трофеј, изедначувајќи се со Астон Вила и Тотенхем.

Сепак, како што одминуваа годините така со трофеи се полнеа витрините на „Олд Трафорд“. Фергусон во продолжение освои уште 37 трофеи, од кои 13 во Премиер лигата, 5 во ФА Купот и 2 во Лигата на шампионите. Величествената менаџерска кариера ја заврши со освојување на Премиер лигата во 2013 година, по 27 години минати како „ѓавол“.

преземено од: http://www.gol.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *