Семејство од село Дулица има итна потреба од помош. Каменичани треба да ја покажат хуманоста на дело

Семејство од Дулица има итна потреба од помош. На социјалните медиуми веќе кружи повик да се помогне. Во продолжение е интегралниот текст од повикот. Да се обединиме!

Почитувани хумани сограѓани,

сите ние сме запознаени со несреќниот случај кој и се случи на фамилијата од с,Дулица, на која во пожар и изгоре кровната конструкција во домот во којшто живеат и притоа беше причинета голема материјална штета.

Како и многупати досега Вашите големи срца давале голем допринос во решавањето на вакви горливи животни проблеми и сите заедно сме учествувале во помагањето на фамилии чии тажни животни приказни заедно сме се труделе да добијат среќен крај.

Па затоа, почитувани сограѓани, сега за сега на фамилијата од с.Дулица и е потребни здрава и чиста машка облека, па упатуваме АПЕЛ до секој хуман сограѓанин кој е во можност да одговори позитивно на нашиот АПЕЛ и да донира здрава и чиста машка облека (величини M и L), а за понатаму заеднички ќе се договараме како можеме да помогнеме.

Нека не обедини хуманоста, заедно сме посилни !

Тел. за контакт: 071/737-465 – Наташа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *