Село Моштица доби нов пристапен асфалтен пат

Македонска Каменица, 07. Мај 2018 година – Како дел од Програмата за работа на општина Македонска Каменица за 2018 година, село Моштица доби нов пристапен асфалтен пат во должина од 440 метри. Целокупната вредност на проектот е 2.670.214,00 денари, а изведувач на градежните активности е ДООЕЛ „Стоименов“ – Кочани.

Изминатите месец и половина, во зависност од поволните временски услови, од фирмата изведувач интензивно беа искористени за комплетна инфраструктурна подготовка на теренот и тампонирање на коловозот, се со цел сите граѓаните од руралните средини што поскоро да добијат асфалтен пат до своите домови.

Постојан увид на терен, за текот на активностите и начинот на работа, имаше екипа од градежниот сектор во општина Македонска Каменица, како и самиот градоначалник Соња Стаменкова.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *