Селото Бело Поле кое е на само 5 километри од Благоевград е вистински политички раритет. Има само 650 жители а дури 10 000 гласачи. Најголемиот дел од нив, дури 90% се од Источниот регион.
„Во Благоевград сум сигурен дека има над 30. 000 регистрирани Македонци. Во село Бело Поле има над 9. 000, а по неколку илјади има и во селата Логодаш, Рилци, Лешко Покровник и во неколку други села“, вели делчевецот Делчо Гошев кој веќе 16 години се занимава со посредување на бугарско државјанство и добивање бугарски пасош.
Иако постојани жители се само 650, фактот дека Бело Поле има речиси 11 000,од него прави вистински админситративен, но и политички раритет.
Дали освен Бело Поле слични мали места со толку многу гласачи има и други е неизвесно, но според оваа статистика, Бело Поле има повеќе гласачи , на пример, отколку што имаат Пехчево, Карбинци и Македонска Каменица заедно.