Свечено пуштена во употреба реконструираната кино сала при НУЦК „Бели Мугри“

На свеченост во НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани вечерва беше пуштена во употреба реконструираната кино сала при националната установа, инвестиција вредна 20 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за култура на Р. Македонија.

На свеченоста по повод пуштањето во употреба, в.д директорката на „Бели Мугри“, Ана Поп Михаилова пред присутните истакна дека со реконструкцијата салата доби нов современ изглед според сите светски стандарди и прописи.

– Во втората фаза од реконстуркцијата на националната установа, опфатени беа градежно – занаетски работи, електрични и машински инсталации во кино салата, гремиорните и тоалетите позади сцената.  На ѕидните облоги и плафонот поставено е комплетно осветлување и грејни тела. Во аудиториумот изведен е спуштен плафон од огнотпорни гипс картон плочи, а на ѕидовите поставени се акустични облоги од перфорирани гипсени плочи. Поставена е нова цементна подлога и теписон како и противпожарни врати на аудиториумот и галаеријта. Поставена е нова електрична инсталација, а целосно реновирани се и тоалетите, истакна Ана Поп Михаилова, в.д директор на „Бели Мугри“.

Во рамки на реконструкцијата поставени се нови седишта во аудиториумот и галеријата со што вкупниот капацитет во салата е 356 столици.

Во првата фаза претходно беше реконструирана фасадата, кровот, двете проодни тераси како и дел од тоалетите и обновување на прозорците и вратите.

Во рамки свеченото отворање на реконструираната кино сала беше прикажан филмот „Преекспонирано“. На отворањето присуствуваше режисерот, Елеонора Венинова, продуценот и монтажер Гоце Кралевски и актерот Благој Веселинов.

Од НУЦК „Бели Мугри“ најавија дека во следниот период следуваат кино прокеции, културни настани, промоции, изложби и музички перформанси.

Извор: Гласно.Мк/И. Матеничарски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *