Свечено пуштање во употреба на селскиот пат до Мечкарско и Чукаревско маало во с. Саса

05.XI.2017 (kamenica.mk)

Во организација на месното население и месната заедница во с.Саса, денес свечено беше пуштен во употреба новиот селски пат кој ги поврзува Мечкарско и Чукаревско маало. Станува збор за локален пат, во вкупна должина од над 2км, кој поврзува неколку рурални средини, а е од витално значење за жителите на овој крај.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Таа во оваа свечена пригода со краток говор најпрвин ги поздрави жителите на село Саса и сите присутни гости. Изрази голема благодарност и посебна радост, заради фактот што својот прв градоначалнички мандат го започнува со вакава убава пригода и веселба токму од своето родно село Саса. Искажа искрена намера и ветување за нови приоритетни проекти во иднина кои произлегуваат од потребите на сите жители на општина Македонска Каменица. Таа им порача на сите присутни, дека сака во иднина сите граѓани да бидат најзини соработници и очекува уште многу предлози и идеи од своите сограѓани за заедно со нив да работи на унапредување и развој на условите за живот во општината. Во оваа прилика Градоначалникот Соња Стаменкова, порача дека сите досега започнати проекти, а кои се реална потреба на граѓаните ќе продолжат, исто како и многу други нови и планирани проекти кои претставуваат потреба на граѓаните и се дел од програмата на новата локална власт во општина Македонска Каменица.

Иако станува збор за егзистенцијална потреба на жителите од овие рурални и планинаски средини, проектот беше реализиран во последните две години од страна на поранешната локална власт во Македонска Каменица, како дел од проектот “Асфалт до секој дом”. Покана за присуство од организаторите на овој настан добиле и поранешните претставници на локалната власт, но истите не присуствуваа на денешната веселба во организација на жителите и месната заедница во Саса. Желба на месното население е продолжение на овој проект, кој треба преку асфалтен пат со должина од преостанати 2км, да овозможи поврзување жителите од овој дел на село Саса со жителите на село Цера. Со ова ќе се обезбеди многу полесен пристап и комуникација на жителите од овој дел на Општината, кои особено се отежнати во зимниот период од годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *