САСА ја уништи делчевска Брегалница

ФК „Каменица – САСА” на гостувањето во Делчево уште во првиот дел водеше против редовните муштерии ФК „Брегалница”, со резултат 0:3. Домаќините иако ветуваа дека годинава ќе атакуваат за едно од местата што обезбедуваат место во Втората фудбалска лига во текот на првото полувреме покажаа само агресивност, нервоза и недолично однесување кон гостите од Македонска Каменица. Веднаш по постигнувањето на третиот гол, натпреварот беше прекинат поради напад врз играчите на САСА, поради што интервенираше и Полицијата, која со засилување го обезбедуваше второто полувреме од натпреварот. Во вториот дел, играчите на САСА го задржаа водството и извојуваа уште една значајна победа за пласман во Втора лига.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *