САСА не заслужи пораз во Македонска Каменица

Саса не заслужи пораз во Македонска Каменица

„Одличен натпревар, цврста игра на двете екипи, со повеќе шанси за голови на двете страни. Сепак, победникот на натпреварот го одредија судиите. Со неколкуте  измислени и (не)досудени прекршоци, особено во вториот дел од натпреварот, судиите  директно влијаеа на разултаот и им одземаа бод на домаќините“, – се ракциите на каменичката публика и понзавачите на фудбалот во Македонска Каменица

Саса ја контролираше играта на својата половина од теренот, не дозволуваше сериозна прилика за гостите, се до 56. минута. По една полуконтра, при очилгеден фаул врз одбранбен играч, судијата одлучи играта да продолжи. Херој на кавадрчани беше нововлезениот Димитар Иванов, кој по само пеесетина секунди игра успеа да ја смести топката во мрежата на противникот. Во продолжението од натпреварот, јалови беа напорите на домаќините да се вратат во резултатски „егал“. Судијата во 78. минута не досуди удар од 11 метри за домаќините при очигледна игра со рака во казнениот простор.

Победа го доби дуелот со Питу Гули со 2-1 благодарение на искусниот Гешовски, кој ги постигна двата погодоци за прилепскиот второлигаш.

Беласица триумфираше над Осогово со 3-0. Победата ја најави Милушев пред самиот крај на првото полувреме, за потоа во вториот дел печат на триумфот да стават Паноски и Мирчевски.

Кожув дојде до цел плен славејќи над Плачковица со 3-0, а победникот беше решен дури во последните 2о минути кога Костадинов, Терзиев и Танов се запишаа меѓу стрелците.

Натпреварот меѓу КитГо и Брегалница на програмата е утре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *