Покана за учество на ликовен конкурс за деца
Рудник САСА неодамна распиша јавен ликовен конкурс за детски цртежи со мотиви кои се поврзани со работењето на рудникот и неговото значење за нивното семејство и/или за заедницата.
На конкурсот може да учествуваат сите деца од 5 до 15-годишна возраст кои живеат на територијата на општина Македонска Каменица, како и децата на вработените во САСА кои се на таа возраст.
Ликовните творби треба да се достават најдоцна до 15 ноември 2022 година во Канцеларијата за комуникација со заедницата на Рудник САСА, која се наоѓа на ул. „Рударска“ бр.28 во Македонска Каменица. Вработените во САСА може да ги достават творбите на своите деца во канцеларијата на Службата за персонал.
На задниот дел од цртежот треба да се напишат следните информации: име и презиме на детето; име и презиме на родителот/старателот; датум на раѓање на детето; адреса на живеење и телефонски број за контакт. Со доставувањето на својата ликовна творба, детето и неговиот родител/старател автоматски даваат дозвола таа да може се користи од САСА.
На крајот на ноември посебна комисија ќе ги избере најдобрите 12 ликовни творби за кои членовите на комисијата веруваат дека најдобро го претставуваат придонесот на САСА. Секој од победниците ќе биде награден со по 3.000 денари. Овие цртежи ќе бидат искористени за изработка за календар за 2023 година кој ќе биде наменет за вработените и соработниците на Рудник САСА