Рудник „Саса“ одбележува 11 години од рестартирањето

Денес, Рудник „Саса“ од Македонска Каменица одбележува 11 години од рестартирањето. Во сите изминати 11 години, Рудник „Саса“ е компанија која покажува силна општествена одговорност и која реализира редица проекти, со цел подобрување на квалитетот на живот на населението во Македонска Каменица. Рудникот е главна причина за инфраструктурниот бум во Македонска Каменица во последната деценија, а е силен партнер и на спортските клубови, образовните институции, здравствените установи, невладините организации и организациите кои работат на полето на културата.

Овој најголем стопански капацитет на подрачјето на општина Македонска Каменица инаку започнува со работа во 1966 година, а најлошиот период од неговото работење е на почетокот на 21 век, при што следува и негово затворање во 2003 година.

Рестартирањето на Рудник „Саса“ започнува во 2006 година, откако е продаден на руската компанија „Ромтрејд“. Денес, сопственик на Рудникот е  компанијата„Линкс рисорсис“ ДОО, која е формирана во 2015 година од страна на „Фјужн капитал“-рударски раководен тим базиран во Швајцарија со значајно искуство во најголемите рудници и топилници за цинк и олово, и групацијата „Орион мајн фајненс“, едно од водечките светски инвестициски претпријатија насочени кон рударството финансирано со приватен капитал, кое има активно присуство во Европа и располага со околу 1,8 билиони долари управуван капитал.

„Линкс рисорсис“ силно е посветена кон водечките практики за безбедност, животната средина и одржливост во индустријата. Стратегијата на претпријатието е натаму да се развива преку купување, истражување и развој.

  • повеќе информации за Рудник „Саса“ Македонска Каменица може да побарате со кликање на банерот подолу

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *