Рудник Саса и годинава е генерален покровител на Каменичко Културно Лето

Најголемиот стопански капацитет на подрачјето на Македонска Каменица, Рудникот за олово и цинк „Саса“ и годинава е генерален покровител на најголемата културна манифестација во Источна Македонија –  Каменичко Културно Лето, како и на концертите кои се организираат по повод прославата на Денот на општина Македонска Каменица и Ден на рударите – 28-ми август.

„Саса“ годинава одбележа десет години од рестартирањето, со извонредните концерти на македонските музички атракции, Каролина Гочева и Љубојна Брас Фантази. Во изминатите десет години, овој стопански капацитет е главен партнер на општина Македонска Каменица во реализација на низа заеднички проекти, социјални програми, спортски клубови и културни настани. Од рестартирањето до денес, „Саса“ е најважен двигател на локалната економија и благодарение на успечното функционирање на Рудникот, општина Македонска Каменица е една од најдобро инфраструктурно уредени општини во државата, како и општина со една од најниските стапки на невработеност.

Од Рудник „Саса“ потенцираат дека и во иднина ќе продолжат да ги поддржуваат сите издржани проекти и дека активно же бидат вклучени во подобрувањето на квалитетот на живот во Македонска Каменица.Ceca - Copy

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *